Потпретседателот на Собранието на РМ и пратеник од НСДП, Горан Мисовски, денеска изјави дека е постигната согласност меѓу власта и опозицијата за составот на ДИК и законските решенија што беа договорени на лидерската средба и оти тие најверојатно во сабота ќе бидат донесени на собраниска седница на која ќе биде распишана и одлуката за референдумот.

– Не очекуваат клучни моменти за иднината на Република Македонија. Имаме усогласени предлози. Дајте да ја избереме ДИК, да ги донесеме тие три закони за кои веќе имаме согласност дека координаторите ги потпишале, да ги ставиме во процедура и да го утврдиме референдумското прашање – рече Мисовски на седницата на Комисијата за надворешни работи во делот на процедуралните дискусии.

Рече дека потоа секој ќе може да ја води кампањата за референдумот. Ќе изнесе свои ставови за и против Договорот со Грција.