Владата смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.

– Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот за мерки за справување со ковид-19 – се вели во владиното соопштение во кое се изразува разочарување, од како што се вели, скандалозната одлука.

Уставниот суд на денешната седница донесе решение за привремено запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија кои се однесуваа на намалување на платите на функционерите, со образложение дека ќе се оценува нивната уставност и законитост.