Тендерот за хортикултурно уредување што го распиша Владата во висина од 640 илјади евра се однесува за 20 државни објекти и површина од 133.654 метри квадратни за период од три години, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Тој појасни дека за одржување на овие површини треба да  бидат дневно ангажирани 25 лица.

– Сумата наведена во тендерот е само проценета сума. Тендерот е во тек и не значи дека ќе бидат потрошени овие средства – појасни Бошњаковски.

Како дополнување, нагласи дека меѓу 20-те објекти за кои е предвидено хортикултурното уредување влегуваат Владата, МРТ, вилата на претседателот, вилите во Дојран, во Охрид, Клубот на пратениците…

Инаку, според Бошњаковски, цената по метар квадратен за одржување би изнесувала 8,5 денари за метар квадратен.

Тендерот се одвива преку Бирото за јавни набавки и е распишан пред 45 дена.