Владата на Р. Македонија и УНПФА ќе потпишат договор за заеднички придонес за примена на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата, соопшти владината прес-служба по денешната 66. седница.

– Владата како материјал за информирање ја разгледа и ја усвои Информацијата за потпишување на договор за заеднички придонес помеѓу Владата на Република Македонија и УНПФА за имплементирање на дел од мерките за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата – се наведува во соопштението на Владата.