Владата, по денешната седница, информира дека ќе му предложи на Уставниот суд да ја укине привремената мерка за платите на вработените во СЈО.

– По барање на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Владата денеска утврди мислење да му предложи на Уставниот суд во најкус можен рок да ја укине изречената привремена мерка, а поднесената иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите („Службен весник на Република Северна Македонија“, број 90/2020), во целост да ја отфрли како неоснована – информираат од владината прес-служба.