Владата, денеска, ја одржа 76-тата седница, на која беа усвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.

Со новите заклучоци Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирана лабораторија за земање мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат.

Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија за потребите на Државниот пазарен инспекторат, а по барање на оваа институција да спроведуваат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут во согласност со правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија.