Владата денеска на седница го утврди текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2021 година, прифаќајќи 18 амандмани кои произлегоа од расправата во собраниските комисии.

Од владината прес-служба попладнево информираа дека се одредени дополнителни средства од девет милиони денари за Уставниот суд за плати и надоместоци, како и дека е донесен заклучок за обезбедување дополнителни средства за одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис.

Текстот на дополнетиот предлог-буџет ќе биде доставен на усвојување на Собранието.