По објавувањето на дел од забелешките на експретите на Венецијанската комисија за употребата на јазиците, Владата побара одложување на официјалното објавување на мислењето на комисијата. Извештајот за Законот за употреба на јазиците во Македонија ќе биде поднесен во декември, наместо во октомври како што беше најавено. 

– Сите препораки на експертите на Венецијанската комисија ќе бидат имплементирани во законодавството, а исто така ќе се настојува правото за употреба на јазиците да не го загрози правото на правда – рече премиерот Зоран Заев. 

Министерката за правда, Рената Дескоска, исто така се согласува дека препораките на Венециската комисија треба да се применат. Таа изјави дека енергијата е насочена кон очекуваниот датум за преговори со Европската Унија и дека е потребно добра подготовка за дискусија пред Венецијанската Комисија.

Според неофицијалниот документ, експертите на Венецијанската комисија препорачуваат Владата да се откаже од двојазичноста во судските постапки и да се регулира употребата на албанскиот јазик во меѓуинституционалната комуникација. Венециската комисија требаше да ги утврди заклучоците на пленарна седница на 11 и 12 овој месец.