Од компаниите е потребна инвентивност, сопствено вложување и преземање разумни ризици, а Владата е партнер и обезбедува финансиска подршка за стартап компаниите, порача заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев, на денешното свечено отворањето на „Х Фактор акцелератор“ во Велес. Пред претсставниците на управниот одбор на акцелераторот, локалната самоуправа, академската заедница и пред претставници на дваесетина стартап компании, вицепремиерот потенцираше дека највредните компании денес се оние што се најстабилни и најинвентивни.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, посочи дека ФИТР и Владата на Република Македонија ќе продолжат со ваквите програми за поддршка бидејќи веќе се гледаат првите резултати.

Анализата на ФИТР покажува дека компаниите кои вложуваат во иновации имаат позабрзан раст и на приходите и на добивката, а само на проектите финансирани од ФИТР има ангажирано околу илјада лица, со просечни плати од 40.000 денари, што е 70 отсто над просекот.