На денешната 146 седница, Владата го усвои новиот Предлог-закон за Јавното обвинителство. Донесена е одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и по скратена постапка.

Според владината прес-служба, на предлог на Министерството за правда, а со прифаќање на Владата, во собраниска постапка да биде пуштен и Предлог-законот за измена и доплнување на Законот за советот на јавни обвинители поради терминолошко усогласување со Предлог-законот за Јавно обвинителство.