Владата на денешната седница усвои информација за изготвување закон за донирање на вишокот на храна.

Според оваа информација, министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, а на ЗЕЛС му се укажува, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирање на корисници на храната којашто ќе биде донирана.

Задолжените министерства треба определат критериуми кои треба да ги исполнуваат корисниците на храна којашто ќе биде донирана, како и да изградат заеднички став во однос на мониторинг на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници.

Агенцијата за храна и ветеринарство има рок до петти август до Владата да го достави Нацрт законот за донирање на вишокот на храна.