Сончево и многу топло време е прогноза која метеоролозите ја најавуваат за денеска, но и за следните неколку денови.

Како што информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи, максималната температура во текот на денешниот ден ќе достигне од 33 до 40 Целзиусови степени, со УВ индекс 9.

Во Скопје температурата се очекува да достигне 39 степени.

Заладување не се најавува ни во наредните денови.

Според прогнозите, до средината на неделата ќе се задржи сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Поради ова, ќе биде активирано жолто, а за некои региони и портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

В среда попладне и в четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.