Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 27 степени.

За време на викендот и почетокот на идната седмица ќе дува умерен повремено силен јужен ветер кој ќе придонесе за пораст на температурата на воздухот. В недела ќе има зголемување на облачноста со услови за изолирана нестабилност попладне.

В понеделник и во вторник на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 80 км/час) и пороен дожд (над 20л/м2). Во вторник температурата ќе опадне од 6 до 9 степени.