„Визер“ на 1 јули ги отвори своите рути од аеродромите во Скопје и Охрид. Патниците можат да резервираат карти за 34 различни дестинации до некои од најпопуларните држави како што се Германија, Италија и Шведска.

Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, „Визер“ воведува нови протоколи, за да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот.

За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот.

„Визер“ ќе продолжи со својот строг распоред за дневно чистење на целата флота, при што целиот авион ќе биде дезинфициран преку ноќ во согласност со официјалните упатства.

– Среќни сме дека скопската база е повторно отворена, и ќе ги продолжи своите летови од Скопје и Охрид, овозможувајќи им на патниците можност да патуваат, да ги посетат своите роднини, или пак да отидат на одмор. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот останува наш најголем приоритет. Имплементиравме низа на заштитни мерки за да се осигураме дека хигиената е на највисоко ниво. Спремни сме да ги пречекаме нашите патници на лет – изјави Паулина Госк, менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.