Контроверзниот Красимир Каракачанов продолжува со обвинувањата и пртисоците кон Македонија. Во своето последно интервју за Бугарската национална телевизија вели дека договорите се потпишуваат за да бидат исполнети. За жал, во Скопје мислеа дека потпишуваат договор, но можеби нема да го исполнат.

– Таму и до денес, и покрај сите перипетии на времето, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морал и историска должност кон овие луѓе – вели Каракачанов за БНТ.

ТСпоред него Зоран Заев барал компромис, но кога правиш компромис со политичарите во Република Македонија, тие тоа не го доживуваат како гест на благородништво, туку како слабост вели Каракачанов. Тој исто така рече дека разговорите продолжуваат и дека Бугарија нема намера да менува ништо од нејзините барања.

– Не сакаме да се откажат од својот идентитет. Сакаме нешто многу едноставно: да бидат толку добри и да кажат дека нивниот идентитет настанал, кога се создале услови за тоа, рече Каракачанов.

Тој беше категоричен дека Бугарија не ја затворила вратата, но дека не треба да ја коригираат нивната политика. Според него, решавањето на отворените прашања со Македонија е од стратешко значење.

– Како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но јас би додал и најтрагичниот дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република Северна Македонија и никакви избори не се причина за тоа. – вели Красимир Каракачанов за БНТ.