Драги колеги,

Нека ви е честит роденденот со желба за уште многу испишани страници за вистината, фактите и јавниот интерес на граѓаните и нацијата.

Вашиот и наш весник „Вечер“ и вашиот и наш весник „Нова Македонија“, како весници со најголема традиција и најважни за историјата на Македонија, од се срце посакуваме заеднички да останат светилникот кој ќе го осветлува хоризонтот за граѓаните да го пронајдат патот кон просперитетот и благосостојбата.

За многу години нека ви е денот

Од редакцијата на Нова Македонија