Вечерва централното претседателство на Алтернатива заседава по што ќе се знае кои ќе бидат тројцата министри од оваа партија. Кандидат за министер за здравство од оваа партија е Беким Сали. Алтернатива ќе раководи и со министерествата за информатичко општество и без ресор за дијаспора.
Од Алтернатива се очекуваат и имињата за замениците за министерствата за образование, земјоделие и образование и за уште 47 директорски места, како на пример за МЕПСО, Железници, Фонд за пензиско осигуривање…

Како што е познато, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, предложи лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар на идна техничка Влада. Алтернатива го одби предлогот со образложение дека во тек е друг процес, односно дека остануваат на договореното со Заев.