Венецијанската комисија со кратка обајава на својата интернет страница, официјално потврди дека е побарано мислење за Законот за употребата на јазиците, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

-Премиерот на „Поранешната југословенска Република Македонија“ господинот Зоран Заев, побара мислење од Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, пишува во објавата.

Комисијата не дава никакви други објаснувања и дополнувања на оваа вест.