По лавината реакции на јавноста за секвенца од неколку секунди во  евровизискиот спот на Васил Гарванлиев за песната „Here I stand“, во која е прикажано уметничкото дело, триптих на уметницата Жанета Вангели, кое се совпаѓа со боите на бугарското знаме, остранети се овие секвенци од видеото. Имено, пред  неколку години  кога се варосувал Даут Пашин Амам, некој случајно погрешно ги наредил деловите на сликата, која во изворниот облик не била таква, а јавноста тоа погрешно го протолкува.

Васил Гарванлиев

За да се избегнат во иднина продлабочувања, поделби и несогалсувања во јавнноста, а и делото да не се прикажува на погрешен начин Васил Гарванлиев, кој е режисер на спотот , со поддршка на евровизискиот тим на МРТ, носител на лциенцата за овој избор, ги острани спорните кадри од видеото.

– Иако со евровизискиот спот имав желба да прикажам ништо друго, освен музика и уметност, навистина ми е жал поради погрешната интерпретација на делото на нашата позната уметница Жанета Вангели. Никој инволвиран во реализација на видео записот ниту пак претставници од наведената институција намерно не интервенирал во уметничката постановка на Националната галерија Даут Пашин Амам, за што и од самата галерија се изјаснија дека делото на ваков начин е изложено повеќе години. За да нема дополнителни негативни импликации и погрешен приказ на ова уметничко дело, одлучивме да ги отстраниме кадрите кои се однесуваат на него. Благодарам на огромната поддршка која ми ја упатувате овие денови и верувате во мојата искрена намера. Јас повеќе од 20 години пеам и ја претставувам Македонија и македонското знаме така и ќе остане – напиша Васил Гарванлиев, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој во мај ќе не преставува нашата земја на „Евровизија 2021“, што ќе се одржи во Ротердам, Холандија.