Васил Гарванлиев со песната „You“, на авторката Невенка Нешкоска ќе ја претставува Македонија на „Евровизија 2020“ што ќе се одржи во мај во Ротердам, Холандија.

– По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со годинашниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „You“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со ќе настапи на 65. издание на „Евровизија 2020“ во Ротердам. Желба на авторката Невенка е преку оваа мелодија да ги претстави моќниот глас и карактеристична интерпретација на Васил на целиот свет  – велат од МРТ, носител на лиценцата за овој престижен музички фестивал.

Воедно, Македонската Радио Телевизија им се заблагодарува на сите автори коишто пројавиле интерес и се одѕвале на јавниот повик да испратат авторска песна за овој интернационален избор.

Иако е релативно непозната во македонските музички кругови, Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Таа дипломирала на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „УСА сонграјт компетишн“Таа и сестра и Калина, која исто така учествувала во создавањето на песната „You“. Поточно, Невенка ја создала музиката, а текстот го напишала заедно Невенка и Калина и нивната колешка од „Беркли“, Алис Шредер.

Сестрите се креатори и на музичкиот цртан  филм „Дарко Биберко.

Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и објавување на официјалниот датум на промоција.