Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи, на заедничката прес-конференција со техничкиот премиер, Оливер Спасовски, потврди дека проширувањето на ЕУ за новата Комисија е приоритет и дека нивна оценка е дека  Македонија и Албанија се подготвени за преговори. Тој додаде дека ќе се настојува одлуката за тоа да биде донесена со новата методологијата пред самитот во Загреб, која ќе биде објавена заедно со економски план за поддршка на регионот за да се почне процес за намалување на разликата на животните стандарди на земјите од регионот со земјите членки на ЕУ.

Вархеи потенцира дека Република Македонија покажа напредок и постојана динамика на реформите и дека како награда за функционалното искористување на фондовите на ЕУ тој му предложил на Европскиот парламент да ја награди земјата со 50 милиони евра за поддршка на спроведување на реформите.