Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија.

Детали за разговорите не се соопштуваат, но упатените велат дека темата ќе биде ветото на Бугарија за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија, пренесе БНР.

Предвидени се средби со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.