Во Бирото за jавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи денеска е остварена работна средба помеѓу директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, и претставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА) во Софија.

На средбата, на која присуствувле и помошник-директорот од Одделот за криминалистичка полиција, со претставници од Одделот, се дискутирало за досегашната успешна соработка помеѓу двете служби, како и за правците на идната соработка и можностите за нејзино продлабочување.

Како што соопштија од МВР, директорот Тасевски ја нагласил досегашната соработка со американската Агенција за борба со наркотиците, која резултирала со неколку успешни меѓународни операции, во кои нашето Министерство учествувало како респектиран партнер.

На средбата било истакнато дека ваквата соработка ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период.