Германскиот Бундестаг го ратификуваше Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО. Германија стана 16-та земја членка која даде зелено светло за членство на државата во северно-атланскиот сојуз.

Но иако расправата за извештајот на Европската комисија треба да се одржи на посебна седница, пратениците отворија дискусија и за оддолжувањето на добивање датум за преговори.

Јирген Тритин, пратеник од редовите на опозициските Зелени, посочи дека се одолговлекува одлуката за претпристапни преговори на Македонија со ЕУ во германскиот парламент.

-Погледнете уште еднаш што всушност беше во фокусот на гласањето на парламентот и на консултативниот референдум во Република Македонија. Желбата на граѓаните не беше само влез во НАТО, тие имаа желба и да станат дел од европското семејство – изјави Тритин.