Бугарските власти ќе бараат одговорност за запаленото бугарско знаме за време на вчерашниот протест на македонската дијаспора пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија.

Петар Николаев, в.д. бугарскиот амбасадор во Австралија, од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева доби задача да се сретне со австралиските власти и да ги повика да бидат преземени мерки против сторителите на овој инцидент и да ги замоли во иднина органите на редот да се спротивстават на ваквите обиди на палење на државните симболи.

Македонската влада го осуди палењето на макети на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска како и палењето на знамињата на Бугарија и Грција пред конзулатот на Македонија во Мелбурн. Од таму велат дека ваквите настани го нарушуваат имиџот на земјата и дека палењето знамиња на држави и макети од премиерот и министерката не се никаква одлика на патриотизам ниту, пак, се слика за нашата дијаспора.