Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, на новинарско прашање за довербата на граѓаните во ова обвинителство, рече дека оваа инатитуција се наоѓа во вештачка кома.

– И законодавецот и општеството во овој момент го држат СЈО во вештачка кома. Тоа се гледа во одлуката на Врховниот суд и со непостапувањето на Основниот суд за едно од обвиненијата. Се осеќа дека одлуката на Врховниот суд нашла свој пат – изјави Бубеваки.

Тој рече дека нема забрана, шефицата на СЈО, Катица Јанева, да биде избрана за вршител на должност од уште една година.

– Со толкувањето на одредбите од Законот за јавното обвинителство за СЈО, не е забрането да има, барем дури Законот е во сила, уште една година мандат – додаде Бубевски.