Бригадниот генерал Павле Арсоски на денешната воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово, ја презема должноста командант на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).

Досегашниот командант генерал мајор Зоран Милески, кој раководеше со оваа команда од декември 2016 година, му го предаде командувањето на бригаден генерал Павле Арсоски кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на ЗОК.

На свеченоста присуствуваа заменик началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Азим Нуредин, генерали од АРМ, команданти на единици од АРМ, високи гости од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалните самоуправи и организации со кои соработува оваа единица.