Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, изјави дека случајот „Рекет“ заслужува итна реакција од надлежните органи, но и дека претставува еден вид вежба за Власта и опозицијата.

Тој смета дека е потребно да бидат превземени сите потребни постапки и да се приберат докази. Според Тимоние, нашата земја поради случајот и поради близината на октомври и започнувањето на очекуваните преговори за влез во Европската Унија, се наоѓа во помалку црвста позиција, како и за донесување на законот за Јавното обвинителство.

Но, тој верува дека ќе бидат постигнати резултати и ќе има напредок. Ваквата ситуација, сепак, претставува еден вид вежба за Власта и опозицијата, на која, според него, тие треба соодветно да одговорат. 

Тоа што треба надлежните органи да го покажат, вели Тимоние, е отворрањето вистинска истреага и донесувањето закон кој ќе превентира слични случаи во иднина. Со тоа, Македонија ќе покаже дека европското досие е убедливо.