Бугарскиот премиер Бојко Борисов во текот на денешната посета на Македонија, не заборави да каже дека прашањето за македонскиот национален херој и револуционер Гоце Делчев мора да се реши до октомври, меѓутоа не кажа дали дали бугарската влада ќе преземе конкртени мерки против Македонија, доколку заедничката комисија не донесе одлука.

Според Борисов „Комисиите треба да седнат и да разберат дека имаат историска задача и да останат во историјата и до октомври да ги завршат тие теми. Инаку верувајте ми би било навредливо кон народот кој загинал по тие земји, затоа што историски така се менувале границите што зависи од кога и како ги гледаш. Тие можат да станат препрека за новата историја. Јас се однесувам како што ќе ми кажат историчарите, инаку ќе бидам обвинет дека продавам или дека сум ја предал историјата на Бугарија. Јас исто така имам граница која можам да си ја дозволам. И цело време знам дека по секоја цена Комисиите треба да најдат прифатливо решение, зашто тоа ќе биде исклучително добро за иднината, за младите и за перспективите“, Темата не треба да се остави за после октомври, комисиите треба да работат секојдневно, треба да постигнат компромис“

Бојко Борисов рече дека од она што го следи во македонските медиуми може да забележи дека има сили кои работат против Бугарија. Бугарскиот премиер не ги посочи наводните медиуми кои работеле против Бугарија, ниту посочи на каков начин тие работеле. Бугарскиот премиер се извини за формулацијата северномакедонци, истакнувајќи: „Згрешив кога кажав северномакедонци, а не граѓани на Република Северна Македонија. И се извинив, а вие сега пак ме прашувате, пак се извинувам, ама на вас само тоа ви е важно. А пред тоа кажав дека Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата на Македонија“

Изјавите на бугарскиот премиер, вклучително и на другите бугарски политичари кои зачестија во последниот период, предизвикуваат контроверзии во македонската јавност. Бојко Борисов нагласи дека бугарските и македонските историчари кои работата во комисијата треба да постигнат комопромис, меѓутоа не е јасно каков ќе биде компромисот кога бугарските државници постојано повторуваат дека Гоце Делечв е Бугарин, а македонската нација е творба на Тито и Коминтерната. Изјавите од овој тип не водат кон заеднички компромис. На комисијата и претстои тешка работа, а политичките мешања можат само да го усложнат и попречат процесот на усгласување и носење на заеднички став.