Неколкумина претставници на здружението „Бојкотирам“ дојдоа на протестот на Конфедерацијата на синдикати пред МТВ, за да дадат поддршка. Побараа да зборуваат, но организаторите од Конфедерацијата им објаснија дека се работи за синдикален протест, на кој е соодветно да зборуваат само претставниците на синдикалните организации и работници.

– Ако ви дозволиме, протестот ќе го обоиме политички, но пред Владата, можете пред работниците да си кажете се што имате – им укажаа синдикалците на „Бојкотирам“.

Тоа ги разлути бојкотирачките кои вклучија сопствено озвучување, одејќи зад синдикалците, со што го попречија нивниот протест.

– Ни стана јасно за какви синдикалци се работи кога не ни дозволија да зборуваме. Ова е шминка-протест. Каква држава такви синдикалци – рече Ана Бобинковска од „Бојкотирам“.

„Бјкотирам“, ги следеа демонстрантите на Конфедерацијата до крстосницата кај Мавровка, по што сврета лево кон МАНУ, а демонстрантатите продолжија кон Владата.