Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница (ИВЗ).

Во врска со обвинувањата на реисот Сулејман Реџепи упатени кон Владата, Бошњаковски истакна дека Владата осудува говор на омраза.

-Северна Македонија е секуларна држава, Владата на Република Македонија не навлегува во работата на верските заедници. Осудуваме говор на омраза, како и секогаш досега, институциите кои што се вклучени во одредени проблематики што се случуваат во ИВЗ ќе го дадат и својот збор во дадено време- рече на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.