Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, остварил видеосостанок со германската канцеларка, Ангела Меркел, на кој станало збор за првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија и приближувањето на позициите со Бугарија.

– Остварив видеоконференција со германската канцеларка Ангела Меркел. Се заблагодарив на нејзиниот личен ангажман и на германското претседателство за барање формули за овозможување почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ. Верувам дека со помош на Германија, особено за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ, ќе бидат донесени вистински и правилни одлуки – напиша Борисов на Фејсбук.

Бугарските медиуми објавија дека разговорот траел 40 минути.