Македонскиот патентен застапник Богољуб Илиевски е избран на едно од двете потпретседателски места на Европскиот патентен институт во Минхен.

Оваа одлука беше донесена на 88. Собрание на Советот на Европскиот патентен институт, организација на професионалните застапници пред Европскиот патентен завод во Минхен, кое се одржа вчера (29 јуни).

Илиевски е директор на Секторот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” од Скопје.

Во Европскиот патентен институт членуваат околу 12.000 патентни застапници од Европа од 38 земји (сите членки на ЕУ, плус Турција, Македонја, Србија, Албанија, Швајцарија, Обединетото Кралство, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка и Сан Марино).

Од фелата нагласуваат дека овој избор е големо признание за сите македонски патентни застапници.