Благодатниот оган кој се симнува на чудесен начин во Христовиот гроб во Ерусалим вечерва стигна на скопскиот аеродром.

Директорот на Комисијата го презеде истиот и се упати во манастирот Св. Георгиј Победоносец во Криви дол каде го предаде на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во овие вонредни околности, доаѓањето на благодатниот оган директорот и Архиепископот го оценија како чин кој го бодри духот и ја буди надежта во пресрет на Христовото Воскресение кај православните верници.