Од Ерусалим, преку Атина, благодатниот оган пристигна во Македонија.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски го донесе Светиот благодатен оган, кој го презеде на Меѓународниот аеродром во Атина. Грчката државна делегација, претходно го донесе од Ерусалим, каде на Велика Сабота се симнува во Христовиот гроб, а потоа се носи ширум светот.

По пристигнувањето директорот Сотировски светиот оган го предаде на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец и на свештеници од епархиите кои го носат низ градовите ширум нашата татковина.