Првите промени веќе се направени по потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција за името, откако Би-Би-Си на својата мапа земјава веќе ја означи како Северна Македонија.

Би-Би-Си во својата репортажа посветена на договорот за името што го постигнаа Заев и Ципрас, го промени името на Македонија на својата мапа.

Претходно на мапата името на земјата беше означено како Македонија, а откако беше потпишан договорот британскиот јавен сервис ја означи земјата како Северна Македонија. На мапата исто така е означен и регионот Македонија во Грција.