Бигорскиот манастир во пресерет на најголемиот православен христијански празник – Воскресението Христово, Велигден, подготви видео насловено „Страданијата Христови“, во кое се искористени материјали од минатогодишното празнување на Страдалната седмица во манастирот.

Овој видео материјал, како што истакнуваат од Бигорската обител, нуди прекрасна можност православниот народ да се подготви за претстојните значајни и големи денови, да ги почувствува и соодветно да ги пренесе меѓу ближните.

– Богослужбите кои се прикажани оставаат силен впечаток меѓу верните, го зајакнуваат нивниот дух, оти како што се вели и во самото видео, тие сите нас нè внесуваат во историските мигови на Христовите страдања, но не само како набљудувачи, туку и како живи учесници, велат од Бигорскиот манастир.