Министерката за правда, Рената Дескоска на Фејсбук објави фотографија од бел чад, повлекувајќи паралела со изборот на папа во Ватикан, кога белиот чад се користи како симбол на договор на кардиналите за нов поглавар на католичката црква, што многумина го протолкуваа како обезбедено двотретинско мнозинство потребно за изгласување на законот за јавно обвинителство.

Posted by Рената Дескоска on Недела, 09 февруари 2020

Владата вечерва ќе одржи седница на која треба да биде разгледан и усвоен законот за Јавното обвинителство.Откако ќе помине на владина седница, законот ќе биде испратен во собраниска процедура.

Премиерот Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев најавија дека законот ќе оди на Влада и потоа на усвојување во Собранието штом биде услогласен и се обезбеди потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување. Власта очекува законот да биде усвоен во Собранието до 12 февруари за кога е најавено распуштање на парламентот.