Mинистерката за правда, Рената Дескоска истакна дека на денешната средба помеѓу претставници од власта и опозицијата, не бил постигнат напредок во преговорите за законот за јавни обвинители, со кој треба да се реши и иднината на СЈО.
 

-Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање – рече Дескоска.

Власта, како што повеќе пати потенцира, се залага за бескомпромисна борба против криминалот, додека, пак, опозицијата е на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од обвинителката Вилма Русковска.

Новиот предлог закон за обвинителство утре е на дневен ред на собраниска седница.