Али Ахмети денеска и утре треба да биде сослушан од истражителите на Специјалното обвинителство за Косово, пренесувааат повеќе медиуми.

Од кабинетот на претседателот на ДУИ претходно истакнаа дека тој како сведок за неговата улога во ОВК, како еден од нејзините основачи, но нема информација дали Ахмети ќе сведочи во седиштето на обвинителството во Хаг или во Приштина.

Меѓународните обвинители побарале од него да биде на располагање два дена.

Ахмети минатиот месец преку неговата официјална фејсбук-страница објави дека е поканет како сведок во Специјалниот суд во Хаг, од страна на Специјалното обвинителство за Косово со седиште во Хаг.