Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август.  

На истата седница, како што информираат од Собранието, се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука. 

На местото на Атанасов, како што јавува МИА, во собраниските клупи треба да седне Снежана Калеска Ванчева од листата на СДСМ во Изборната единица 1.