Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе имаат обраќања на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје, каде што денеска ќе биде одбележан Денот на АРМ.

Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени одликувања и признанија на единици од Армијата и соработници кои придонесуваат за развојот на одбраната. Повеќе делегации ќе им оддадат почит на поранешните претседателите и врховни команданти на Армијата, Борис Трајковски, Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски, како и на спомен обележјето на загинатите бранители во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот, со воени почести, како и со полагање венци цвеќе на Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел во Скопје.

Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.