Во Центарот за обука „Пепелиште“ на армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе започне деветтиот „Летен кампус 2018“ на кој ќе учествуваат 116 питомци од 11 земји од кои поголемиот дел членки на НАТО.

Овој меѓународен проект, кој за отворен ќе го прогласи заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Беким Максути, има за цел да ја доближи комплексноста на идните предизвици во постконфликтните операции до младите питомци и идни мировници.

Кампусот во „Пепелиште“ ќе трае до 6 јули.