Поранешниот Министер за надворешни работи Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил пишува дека средбата помеѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се случи овој четврток или петок. 

Премиерите на двете страни се водржани околу коментарите на тоа дали постои договор, дали е постигнат компромис за можно име, меѓутоа во јавоста и од македонска и од грчка страна излегуваат можни предлози за решение. 

Тие двајца последен пат се сретнаа на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, минатиот месец каде, според тогашните изјави ги приближија позициите, а Заев дури излезе и со најприфатливо решение, Република Илинденска Македонија, кое потоа беше отфрлено од грчка страна.  

Премиерот Заев изјави дека во прашање се денови кога ќе се случи телефонскиот разговор меѓу него и Ципрас и додаде дека во моментот се уште се создаваат околностите тоа да се случи.