Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја донесе петгодишната национална стратегија за спречување на корупција, чии цели се спречување на политичкото влијание, зголемување на нивото на политичка одговорност, јакнење на интегритетот и транспарентноста при вработување во јавниот сектор (кое треба да се базира на квалитет), јакнење на надзорните и контролните механизми и намалување на корупцијата во јавните набавки и доделувањето на грантови.

Во рамките на стратегијата се наведува дека носењето на закони мора да биде рационално, а тие да бидат квалитетни и издржани, како и оти мора да се елиминираат злоупотребите во предибоните процеси.

Има одредени насоки и во здравството каде што се налага воведување на систем за формирање на цени на лекови. За медиумите, пак, предложено е укинувањето на платеното политичко рекламирање.

Стратегијата го опфаќа периодот од 2020 до 2024 година. Во петмесечното изготвување на стратегијата учествуваа и невладиниот сектор и медиумите, како и стратнски експерти. За нејзино успешно спроведување ќе бидат потребни одговорни институции и обезбедување на потребните ресусрси, според ДКСК.