Фото: Игор Бансколиев

Антикорупциската комисија на денешната седница затвори повеќе предмети за кои утврди дека имало непотизам и судир на интереси кај дел од поранешните функционери, но бидејќи предметите се застарени, комисијата нема надлежност да постапува. 

Од ДКСК објаснија дека не може да постапуваат затоа што предметите застаруваат во рок од три години, но во иднина, како што образложи претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, ќе предожат законски измени.

Претходно, ДКСК затвори неколку предмети поврзани со пратеникот Антонио Милошоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев, ексгенералниот секретар на владатав – Кирил Божиновски, експретседателката на Уставниот суд – Елена Гошева и други функционери од претходната власт. За нив антикорупциската комисија утврди дека влијаеле при вработувањето на своите блиски, од креирање работни места до затајување документи и неисполнети услови за вработување, но предметите ги затвори со истото образложение – случаите се застарени, а функционерите се сменети.