Државната комисија за спречување на корупцијата испрати допис до Врховниот суд, со кој ги предупредува врховните судии дека не треба да учествуваат на општата седница на која ќе се расправа кој закон за судови да важи за евентуалното нивно разрешување, по поднесените иницијативи на двајца скопски адвокати. Писмото е адресирано до претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Во согласност со членот 73 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ако службено лице учествува во расправа на орган или тело, во кое се одлучува за работи за кои тоа или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватнииот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.

Аниткорупциска предупреди дека доколку врховните судии го прикријат постоењето на приватниот интерес и не постапат во согласност со цитираните одредби од законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, претставува повреда на должноста и е основа за покренување постапка за утврдување одговорнот и изрекување мерки.

Двајца адвокати од Скопје побараа од Врховниот суд на општа седница да донесе начелно правно мислење според кое за судиите што се предложени за разрешување, меѓу кои е и претседателот Јово Вангеловски, да важи поблаг закон.