Амбасадата на САД упати честитки за победата на Стево Пендаровски на претседателските избори. Оттаму им честитаат и на граѓаните кои го искористија нивното гласачко право, а истовремено од амбасадата ги поздравуваат и прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР кои оценија изборите биле компетитивни и демократски.

– Му честитаме на Стево Пендаровски за неговата победа на изборите и очекуваме да работиме заедно со него и со владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ. Го поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле компетитивни и дека преку почитување на фундаменталните слободи се овозможил демократски процес – велат од амбасадата.

Додаваат дека заклучоците на набљудувачите се совпаѓаат и со заклучокот на тимовите на Амбасадата на САД, кои ги набљудувале двата изборни круга.

– Доколку има забелешки за какво било нерегуларности, ги охрабруваме граѓаните, претставниците на граѓанските организации, медиумите, без разлика на политичката припадност, да ги пријават – порачуваат од Амбасадата.