КоалицијатаАлијанса за Албанците  и Алтернатива за утре најавија Марш за демократија, кој, како што велаат од партиите, има за цел да ја заштити демократијата и да ја врати довербата на граѓаните во демократските вредности.

Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир, ќе продолжи преку улицата Цветан Димов, кај трговскиот центар „Мавровка“, потоа пред Владата и ќе заврши во 20 часот пред канцелариите на Делегацијата на Европската унија.

Од таму велат дека за да се избегне каква билo можност за зараза се погрижиле и за бројот на учесниците.

– Впрочем, за коалицијата ништо не е поважно од здравјето. Затоа, заштитните маски и одржувањето дистанца, како и грижата за здравјето на учесниците се задолжителни обврски за успешна граѓанска акција – велат од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.