Министерството за внатрешни работи известува дека од пограничните служби на Албанија добиле информација дека почнувајќи од утре, 13 март, од 06.00 часот заклучно со 15 март до 24 часот ќе биде ограничен влез и излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на граничните премини Стење, Св. Наум и Блато.

Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Дурс, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона.

– Исто така, известени сме дека ќе биде дозволен излез на државјани на Албанија кон РСМ во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини. Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови – соопштија од МВР.